Неколкумина повредени во сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неколку лица се повредени при сообраќајна незгода која вчера се случила на патот Куманово – Свети Николе кај селото Скачковце.

Loading...

– На 19.07.2020 околу 15.00 часот на регионален пат Куманово-Свети Николе, кај с.Скачковце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шевролет спарк“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.З.(21) од с.Скачковце, кумановско, и патничко возило „бмв“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ш.(30) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата, Ш.Ш., М.З. и сопатниците од патничко моторно возило „бмв“, Г.Ш.(31) и Н.Ш.(62), двајцата од Куманово биле пренесени во Клиничка болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави и аматерска снимка од самата сообраќајна несреќа и директниот судир на двете возила.

 

https://www.facebook.com/kudetumbui4bandere/videos/1167847416904170

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply