Неколкумина повредени и исчезнати во експлозијата во Германија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пет лица се водат за исчезнати, а неколку лица се повредени во силната експлозија што го потресе индустрискиот парк во Леверкузен, град во западна Германија, претходно денес, предизвикувајќи голем облак од црн чад, додека од граѓаните беше побарано да останат во своите домови.

Експлозијата се случи во 09:40 часот по локално време, предизвикувајќи пожар во складиштето за гориво во Хемарк, индустриски парк за хемиски компании, вклучувајќи ги Баер и Ланкс, соопшти Курента, операторот на Хемарк, а пренесува Ројтерс.

 

Loading...

 

Неколкумина вработени биле повредени, од кои најмалку двајца имаат сериозни повреди, а пет лица се водат за исчезнати, рече Курента, додавајќи дека сè уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата и последователниот пожар.

Граѓаните беа предупредувани на „екстремна опасност“ со сирени и мобилна апликација на германската цивилна заштита.

Полицијата побара од жителите во областите близу експлозијата да останат во своите домови и да ги затворат вратите и прозорците.

Loading...

Исто така беше речено дека тие треба да ги исклучуваат системите за климатизација, додека мерат загадување на воздухот поради можен токсичен гас.

 

 

Неколку автопати во близина се затворени, а полицијата соопшти дека возачите треба да заобиколат за да ја избегнат областа.

Повеќе од 30 компании работат на локацијата Хемарк во Леверкузен.

Во 2019 година, компанијата „Баер“ и „Ланкес“ го продадоа „Курент“, операторот на тој парк, на компанијата „МекВери Инфрастракер“ за сума од 3,5 милијарди евра.

 

Loading...

Leave a Reply