Неколку војници загинаа, а повеќе се ранети денеска во Дамаск, по активирање на експлозивна направа во воен автобус, јавува Ројтерс повикувајќи се на извештај на сириските медиуми.
Loading...
Во известувањето што го објави сириското радио „Шам ФМ“ не се наведени други детали, а исто така засега никој не ја презел одговорноста за оваа експлозија, наведува британската агенција.
Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека 17 војници биле убиени во напад на воен автобус во Дамаск, пренесува Ројтерс.