Прекин со водоснабдувањето поради дефекти од утрово се регистрирани на повеќе локации во Куманово.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без вода се булеварот „Октомвриска Револуција“ и улиците: „Ѓуро Ѓаковиќ“, „Васа Пелагиќ“, „Есперанто“, „30ти Јули“ и „Ѓуро Пуцар Стари“.
Екипите на Јавното претпријатие Водовод се на терен и работат на отстранување на дефектите.