Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода денес ќе бидат неколку улици во градот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Станува збор за улиците: „400“ и „426“ во населбата Иго Тричковиќ, „Народна револуција“, „Боро Соколов“, „Биљановска“.
Екипите на Јавното претпријатие „Водовод“ работат на терен и наскоро се очекува нормализирање на водоснабдувањето.