Неколку повредени, но и приведени имало во новогодишната ноќ низ Куманово според билтенот на Министерството за внатрешни работи.
Деветнаесетгодишник бил приведен откако пред влез на угостителски објект нападнал две лица.
– На 01.01.2025 во 03.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.В.(19) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03.00 часот, пред влез на угостителски објект, заедно со неговиот брат М.В. физички го нападнале Л.В.(19) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Таксист пак бил нападнат од лице кое го превезувал како патник.
– На 01.01.2025 во 04.00 часот во СВР Куманово, Ж.С.(69) од Куманово пријавил дека околу 02.00 часот на место викано „Стари лозја“ во Куманово, бил физички нападнат од едно лице кое го превезувал како патник со такси возило, информираат од полицијата.
Дваесет и седумгодишник бил приведен под сомнение дека нападнал малолетници, а потоа се однесувал агресивно кон полициски службеници.
– На 01.01.2025 во 03.45 часот во с.Доброшане, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го привеле А.П.(27) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од Д.Д.(44) од с.Биљановце, кумановско, дека околу 03.15 часот во угостителски објект во с.Доброшане, физички го нападнал нејзиниот малолетен син и неговиот другар, а потоа и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, стои во полицискиот билтен.
Две лица, од кои едно малолетно, се тепале пред угостителски објект.
– На 01.01.2025 во 02.15 часот во СВР Куманово, било пријавено дека пред угостителски објект во Куманово, бил нарушен јавниот ред и мир, со физичка пресметка помеѓу М.Т. и малолетник, велат од полицијата.
Во кумановската болница пак со повреди бил донесен 34-годишник, откако бил нападнат од три лица.
– На 31.12.2024 околу 20.00 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Р.К.(34) од Куманово. Според пријавеното, со повредите се здобил во с.Долно Којнаре, откако бил физички нападнат од три лица, велат од МВР.
Во сите случаи од страна на полицијата се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски