Неколку пожари изминатото деноноќие во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку интервенции во последното деноноќие бележат кумановските пожарникари.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи пррвата интервенција била на запалена сува трева и смет на улицата „Анѓа Ранковиќ“ во населбата Перо Чичо. Во период 0д 14:20 до 15:10 часот интервенирале тројца пожарникари.

Сува трева во период од 15:10 до 16:05 часот, тројца пожарникари гаснеле и во атарот на селото Тромеѓа.

Нискостеблести дрвја, сува трева и смет се запалиле во кругот на касарната „Боро Менков“ на улицата „11 Октомври“. Како што стои во извештајот на РЦУК, во период од 16:00 до 17:00 интервенирале петмина пожарникари со две возила, но околу 18:35 часот дошло до повторно активирање на пожарот, при што истиот целосно бил изгаснат во 20:45 часот.

Leave a Reply