Неколку населени места утре без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Во период од 08:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од населбата Доброшане и село Орашац, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија, поради интервенција во дистрибутивниот систем на електрична енергија.