Повеќе локации низ Куманово утре ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на ЕВН Македонија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:00 до 09:00 часот прекини со снабдувањето се предвидени за дел од улиците „Бајрам Шабани“ и „Ѓуро Ѓаковиќ“.
Во период од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците: „Стојан Арсов“, „Тоде Думба“, „Васил Драгомански“, „Биљановска“, како и дел од булеварот „Октомвриска револуција“.
Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија со цел интервенција во дистрибутивната мрежа поради подобрување на услугата кон корисниците.

