Неколку локации низ Куманово утре без струја

Сподели со своите пријатели

За утре најавени се прекини во снабдувањето со електрична енергија на неколку локации низ Куманово, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 08:00 до 10:00 часот без струја ќе останат дел од корисницте од улицата „Народна револуција“ поточно кај зградата на „Козјак“, додека пак во период од 08:30 до 15:30 часот без електрично напојување ќе останат жителите на Ново Село.

Станува збор за планирани прекини од Страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа.