Неколку локации низ Куманово без струја до 15 часот

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска во текот на денот ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 08:00 до 14:00 часот прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има во: Гоце Делчев, Вера Которка,  Орашац, Доброшане и Шупли Камен.

Во период од 08:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат селата: Пелинце, Гулиновац, Муталово, Никуљане, Челопек и Коинце.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа.

 

Loading...