Неколку непознати лица ноќва влегле во сите влезови на зграда над трговски центар во Куманово и се распрашувале за вработени во судот.
Loading...
– На 24.07.2025 во 00.56 часот во СВР Куманово било пријавено дека неколку лица влегле во сите влезови на зграда која е над трговски центар на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово и се распрашувале за вработени во Основен суд Куманово, информираат од полицијата.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски