Џон и Кларенс Англин и Франк Морис во 1962 година избегале од Алкатраз и влегле во легендите – никогаш не се фатени, а не се пронајдени ниту нивните тела, па останува вистинска мистерија дали овие тројца затвореници го преживеале бегството или од тука навистина е невозможно да се излезе жив.
Нивнта приказна го инспирирала истоимениот филм „Escape from Alcatraz“, со Клинт Иствуд во главната улога, но целата приказна сега добила и продолжение откако ФБИ потврдил дека повторно го истражува случајот.
Во јавноста имено протече информација дека локалната полиција во 2013. година примила рачно напишано писмо во кое Џонг Англин тврди дека сите тројца преживеале. Притоа и детално опишува како тоа им успеало, па моли за спогодба, според која во затворот би поминал уште година дена, а потоа и службено да стане слободен човек.
– Моето име е Џонг Англин. Избегав од Алкатраз во јуни 1962. година со својот брат Кларенс и Франк Морис. Имам 83 години, имам рак и во лоша состојба сум. Да, сите го преживеавме бегството, пишува во писмото кое го примила полицијата на Сан Франциско.
Писмото е проследено до ФБИ, по што биле направено неколку тестирања, но не е потврдено дали навистина го напишал Англин или е во прашање измама.