Градот Матера привлекува сè повеќе туристи заради неговата едноставност.
Еден од најстарите населени градови во светот, италијанскиот Матера, е избран за Европски главен град на културата оваа година.
Град каде што луѓето живееле уште од неолитското време, и се наоѓа на списокот на заштитено наследство на УНЕСКО, па затоа треба да биде и на списокот на италијански градови што треба да се посетат.
Матера е втор по големина град во регионот Базилика, кој се наоѓа на југот на земјата. Тоа е првиот град во Југоисточна Италија кој е додаден на списокот на светско наследство во 1993 година.
Матера прв пат доаѓа на оваа листа поради пештерите во карпите, познати како „Саси“, кои биле населени од луѓето уште во VIII век пред нашата ера и од кои се развил самиот град.
Во Матера не било секогаш добро за животот.
По Втората светска војна, ситуацијата во градот и регионот била толку депресивна што го нарекле регионот „срам за нацијата“.
Сепак, животот се вратил таму по некое време, и градот станал место кое го обожаваат филмските куќи. Тука се снимале делови од хитот на Мел Гибсон „Христовото страдање“, како и хит филмот „Чудесна жена“.
Свеченота прогласување на Матера за Град култура е планирано за 19 јануари, а сите ќе ги следат старите музички традиции во регионот.
Ќе има многу настани во текот на целата година, поделени на шест секции, а најдобро е да купите билет навреме што ќе вклучува пристап до сите настани.