Нејзините гради не престануваат да растат, едвај стои на нозе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Жена од едно село на Тајланд е принудена да бара помош од јавноста откако дојките пред околу девет месеци одеднаш започнале да и растат, правејќи ја инвалид.

Loading...

Лам Фаи Си Нуан (46) се движи отежнато со помош на штаки со превез од чаршав закачен за вратот и не е во состојба да работи, а поради тешката материјална состојба не може да си дозволи понатмаошни анализи и лекување. Лекарите утврдиле дека масата не е канцерогена, но не воспоставиле никаква дијагноза, ниту и препишале терапија, па жената со помош на локалната телевизија се обратила за помош од сограѓаните.

Таа на медиумите им рекла дека пред три години забележала дека градите и се поголеми, но дека растот се забрзал пред девет месеци, кога левата дојка и станала занчително зголемена.

Дополнителната тежина и ја притиска кичмата поради што Нуан трпи силни болки, а единствено што досега дознала за своето мистериозно заболување е дека не се во прашање тумори.

Еден од лекарите и понудил да и ги отстрани градите, но дека првин мора да се знае причината за растењето.

Новите испитувања се закажани за 19 јули, меѓутоа ниту жената ниту мажот, кој се опоравува од несреќа, не работат, па не можат да ги платат трошоците за лекување.

Фото: Јутјуб принтскрин

Leave a Reply