Неизвесно одржувањето на локалните избори

Сподели со своите пријатели

Денеска истекува рокот кога Собранието треба да ги распише локалните избори, кои треба да се одржат во првата половина од месец мај, меѓутоа во услови без избран претседател на Собрание нема кој да ги распише со што нивното одржување е довеедено во прашање.

За да се испочитува рокот за локалните избори, денес би требало да продолжи конститутивната седница каде би се избрал и претседател на Собранието, па тој да ги распише изборите, во спротивно истекуваат мандатите на градоначалниците и советниците.

Според предвидената законска рамка од денот на распишување до денот на одржување не треба да поминат повеќе од 90 или помалку од 70 дена.

Според амандманот 16, собранието има можност со двотретинско многизнство да изврши измени во Изборниот законик и да ги одложи локалните избори, но измените би важеле само за овој избирачки процес.

Доколку локалните избори не се одржат, а не се направат измени се доведува во прашање и функционирањето на локалните самоуправи, а во период кога нема ниту Влада, единствен раководен орган во државата останува претседателот.

 

Loading...