Британец кој отишол во Украина да се бори против окупацијата, решил да се врати дома по неколку дена бидејќи сфатил дека тоа е, како што вели, самоубиствена мисија.
Бен Спан никогаш не бил во војска и немал семејни врски со Украина, но решил да замине во таа земја за да помогне во нејзината одбрана.
На сопругата и на 16-годишниот син не им ги кажал вистинските намери.
36-годишникот од Леамингтон Спан поминал пет дена во безбедна куќа во западна Украина со четворица поранешни британски војници.
Во еден момент специјална украинска единица му вперила пушка во главата. Тој исто така рече дека видел тела на двајца загинати руски војници поставени на контролен пункт како предупредување за војската на Путин.
Спан рече дека сакал да помогне во одбраната на Украина бидејќи верувал дека тоа е „вистинската работа“, но подоцна призна дека тоа е „апсолутен кошмар“.
„Седевме околу 20 до 30 минути, АК-47 беше вперен во нашите глави“
36-годишникот му рекол на своето семејство дека лета за Полска за да им помогне на украинските бегалци, но тој всушност имал намера да оди во Украина и да се бори против руската армија.
На летот за Полска се сретнал со четворица поранешни британски војници кои имале ист план и решил да влезе во Украина со нив.
По слетувањето во Полска, со автобус стигнале до украинската граница. Тие останале, заедно со уште неколку доброволци, во мала безбедна куќа во западна Украина каде што немало кревети или проточна вода.
Очекувале трет ден на нивната локација да пристигне возило од кое требало да подигнат оружје, но никој не се појавил. Но, таа вечер, десет украински специјалци тропнале на нивната врата и упаднале внатре.
„Седевме околу 20 до 30 минути, ни вперија АК-47 во главата. Ги ставивме рацете на главата, а тие ја пребаруваа куќата. Некои од нас беа испрашувани“, рече Спан.
Ukraine: Briton who travelled to warzone to join military fight against Russia leaves over ‘suicide mission’ fears https://t.co/tGq7CRtv8P
— Sky News (@SkyNews) March 15, 2022
„Еден од нашата група одби да се сврти и им рече на специјалците дека ако сакаат да пукаат во него, нека го погледнат во очи. Сето тоа беше надреално. Кога ситуацијата се смири и специјалците разбраа зошто дојдовме таму, атмосферата се промени“, додаде тој.
Телата на руските војници поставени како предупредување
Следниот ден отишле во базата да земат оружје и ги виделе телата на двајца загинати руски војници на контролниот пункт.
„Ги поставиле како да седат, имаа капи на лицата. Тоа беше предупредување за Русите што ни ги отвори очите. Сфативме до каква реалност дојдовме“, рече Спан.
Бидејќи во базата не добиле никакво оружје, група Британци се вратиле во сигурната куќа. Набрзо слушнале сирени кои предупредуваат за воздушен напад и не се чувствувале безбедно.
Британците објавија нови податоци: Тешките борби продолжуваат северно од Киев
На петтиот ден во Украина, Спан го контактирало неговото преплашено семејство, кое во меѓувреме дознало дека тој се наоѓа во воена зона, а четворица поранешни британски војници решиле да отпатуваат во друг дел од земјата.
„Со овие момци станав прилично близок. Бевме подготвени да одиме да се бориме и ако е потребно – да умреме заедно. Во такви ситуации брзо се поврзувате со луѓето. Но, кога слушнав од мојата сопруга и синот, видов колку тоа влијаеше на нив. Се прашуваа дали воопшто се грижам за нив и зошто го направив тоа што го направив“, рече 36-годишниот.
Во тој момент, Спан сфатил дека патувањето во друг, поопасен дел на Украина без оружје би било самоубиствена мисија.
„Кога момчињата решија да продолжат понатаму, јас донесов одлука да се вратам на границата“, рече Спан.
Видел стотици илјади украински бегалци на границата со Полска.
„Луѓето се туркаа. Децата врескаа и плачеа. Паѓаше снег. Беше студено. Моите стапала беа како мраз. Страшно е да се замисли како се чувствуваа тие деца. Сигурно се смрзнуваа. Луѓето чекаа таму со часови, само тие сакаше да ја премине границата“, додаде тој.
Спан прво спиел на подот во бегалскиот центар, а потоа отпатувал во полскиот град Лублин и на крајот се вратил во Британија.
„Жал ми е што ја напуштив Украина“
Кога се вратил во Британија, неговата сопруга била бесна. Таа рекла дека ќе го избрка од дома.
„Сега е добро. Се помиривме. Заедно сме 19 години. Мојот син сето тоа добро го прифати. Не беше премногу лут, само среќен што се вратив”, рекол Спан, додавајќи дека сега му е жал што ја напушти Украина.
„Воопшто не жалам што отидов таму, но жалам што ја напуштив Украина. Жал ми е што ги оставив тие момци. Не знам колку би им бил корисен во борбата, но имам чувство дека ги изневерив. Посакувам да бев таму, да да бидам искрен. Дознав дека безбедно пристигнале на својата дестинација, па верувам дека и мене ќе ми беше добро“, додаде тој.
Спан изјави за Sky News дека ќе размисли за враќање во Украина, но рече дека луѓето без воено искуство всушност би можеле да бидат товар за другите.
„Не би им препорачал на оние без воено искуство да одат таму. Мислам дека тоа би било само товар. Би сакал да се вратам, но можеби е прашање на моето его. Чувствувам одвнатре дека тоа всушност ќе ги направи работите потешко за нив“, рече Спан.