Неексплодирана граната пронајдена во Ваксинце

Сподели со своите пријатели

Завчера во 16,55 часот било пријавено дека на локалниот пат од село Ваксинце кон селото Слупчане, при изведување на градежни работи – ископ за водоводна мрежа, од страна на С.Х.(50) била пронајдена неексплодирана граната.

Како што информираат од полицијата, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово, а од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување истата била безбедно подигната.

Leave a Reply