Знаеме дека недостатокот на сонот влијае не само на физичкиот изглед, туку и на здравјето, а експертите советуваат кога е идеалното време за одење на спиење.
За да наутро станете свежи, одморени и полни со енергија потребно е да спиете точно девет часа и 10 минути, покажало едно истражување во Велика Британија. Лицето утредента ќе ви биде чисто, очите побистри, а тенот поубав.
Што можете да јадете навечер, а да не се здебелите?
Според оваа студија, идеалното време за заминување на спиење е 21:45 часот, а за будење 6:55ч.
Со оглед дека поголемиот дел од нас не заспиваат тогаш, експертите потсетуваат на фактот дека многумина настојуваат да изгледаат што подобро и на тоа не сакаат да потрошат пари, а забораваат дека на убавиот изглед најубаво влијае квалитетниот сон.
Image by StockSnap from Pixabay