Недостатокот на сон може да доведе до самоубиство

Сподели со своите пријатели

Проблемите со спиењето се поврзани со 40 проценти поголем ризик од самоубиство кај постарите лица, објавија американските научници.

Loading...

Истражувачите од универзитетот Стенфорд додаваат дека овој ефект на потешкотии при спиењето бил присутен дури и кога немало други симптоми на депресија.

Нивните откритија се засноваат на податоците собирани над една деценија од 14.000 лица на возраст над 65 години.

Истражувачите забележале и зголемување на ризиците, што тие го објаснуваат со влијанието на спиењето врз можноста за регулирање на расположението.

Стручното списание JAMA Psychiatry пишува дека тешкотиите при спиењето биле поизразен фактор на ризик за самоубиство од сите други симптоми на депресија.

Leave a Reply