Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и тивко. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната од 13 до 22 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Утринската температура ќе изнесува 2, а максималната дневна 15 степени целзиусови.
Од вторник до петок ќе имаме исто време. Сончево до умерено облачно и тивко во текот на денот со максимална температура од 13 степени целзисови, но со утрински температури кои ќе се движат во интервал од 1 до 3 степени целзиусови.
Викендот што претстои ќе носи слично време, но со еден степен пониска дневна температура.
Никола Ивановски