Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со локални врнежи од слаб снег, особено во планинските подрачја, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 0 до 9 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти три степени под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне осум степени целзиусови.

Облачно со услови за дожд и снег ќе биде во кумановско и во вторникот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе се движи од -3 степени во утринските часови до максимални шест степени целзиусови во текот на денот.
Во среда ќе имаме разведрување на временската состојба. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во опаѓање и ќе се спушти шест степени под нулата, додека максималната дневна ќе се искачи до седмиот степен.
Сончево и стабилно време ќе имаме в четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе биде шест степени под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне 11 степени целзиусови.

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од -4 степени во утринските часови до маскимални 10 степени целзиусови во текот на денот.
Претстојниот викенд ќе имаме стабилно, суво и сончево време.
Сончево време ќе имаме в сабота. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу четири степени под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне девет степени целзиусови.
Во недела ќе имаме сончево и суво време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од -3 степени во утринските часови, до максимални 10 во текот на денот.

Слично време ќе има и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски

