Времето денеска во Македонија претпладне ќе биде сончево, а попладне со мала до умерена облачност.
Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени под нулата, додека масималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.
Претежно сончево со мала облачност ќе биде времето утре. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи околу еден степен, а максималната дневна треба да достигне 14 степени целзиусови.
Среда носи повторно претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна ќе достигне 15 степени целзиусови.
Сончево и ведро небо ќе имаме во четврток кога ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. температурата ќе биде во интервал од два степени во утринските часови до 17 степени целзиусови во попладневните часови.
Уште потопло ќе биде во петок кога ќе имаме сончево време со температури од три степени во раните утрински часови до максимални 19 во текот на денот.
Во сабота ќе имаме сончево и стабилно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од север, а максималната темпаратура ќе достигне 17 степени целзиусови.
Заоблачување следува во недела кога ќе има само кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен, односно југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу петиот степен, а максималната дневна ќе достигне 16 степени целзиусови.
Никола Ивановски