Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне најпрвин во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат пообилни (над 25 л/м 2 ).

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 26 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време во претпладневните часови. Попладне се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе услови за дожд и грмотевици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени четири лица во Куманово, возеле алат за извршување кривични дела

Ќе дува лаб до умерено засилен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а попладне се очекува да достигне до 23 степени.

Loading...

 

 

Утре во кумановско ќе имаме облачно време со услови за дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне до 22 степени целзиусови.

Среда носи разведрување и претежно сончево време со мала облачност. ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, а максималната дневна ќе достигне до 23 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СИБРИГ со донација за Домот за стари лица „Зафир Сајто“ (ФОТО)

Сончево до умерено облачно време се очекува да имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 10 степени во утринските часови, до максимални 23 во текот на денот.

 

Loading...

 

Петок носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде околу 12 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне до 25 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од 11 степени во утринските часови до максимални 24 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавен повик за бесплатен оброк за ранливи категории на граѓани во Куманово

Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до засилен ветер од западен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу девет степени целзиусови, а максималната дневна се очекува да достигне 22 степени целизусови.

 

 

Слично, суво и стабилно време, ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Loading...

Никола Ивановски