Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб, а во југозападните делови умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од источен правец. Утринската температура ќе се движи околу петиот степен под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 9 степени целзиусови.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен, односно југоисточен правец. Температурата ќе се движи во интервал од околу нулата во утринските часови до максимални 13 степени целзиусови во текот на денот.

Слично време носи и среда, кога максималната дневна температура ќе изнесува 14 степени целзиусови, додека во текот на ноќга кон четвртокм се очекуваат и услови за слаб дожд и температура од околу три степени.

Во четврток ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен над нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 11 степени целзиусови.

 

 

Петок носи облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 9 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од два степени под нулата во утринските часови до максимални шест степени во текот на денот.

Претежно облачно и со кратки сончеви периоди ќе биде времето во недела. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно североисточен правец. Температурата од -3 степени во утринските часови до максимални пет во текот на денот.

 

 

Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски