Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Куманово ќе биде сончево до умерено облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 19 степени целзиусови.

Loading...

Утре ќе имаме за еден степен пониска температура, но ќе продолжи сончевото до умерено облачно време.

Веќе во среда ќе има мало покачување на дневниот максимум кој ќе достигне 21 степен. Ќе биде стабилно, сончево до умерено облачно.

Претежно сончево време со малку облаци ќе имаме и во четврток, кога дневната температура ќе достигне максимални 25 степени целзиусови.

Петок веќе носи претежно облачно време и температура од 23 степени.

Во сабота ќе имаме ист дневен максимум како в петок, но и врнежи од дожд.

Делумно сончево ќе биде во недела, кога дневниот максимум ќе биде највисок за оваа седмица и ќе се искачи до 26 степени целзиусови.

Никола Ивановски / извор: accuweather

Loading...

Leave a Reply