Денеска наутро ќе биде ведро и студено со услови за утринска магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала локална облачност.
Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 16 степени целзиусови.
Утре во кумановско ќе имаме зголемување на облачноста што ќе донесе врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде во пораст и ќе изнесува осум степени, додека дневниот максимум ќе достигне до 13 степени целзиусови.
Среда носи стабилизирање на времето. Ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Температурата во утринските часови ќе изнесува 10 степени, а дневниот максимум ќе достигне 18.
Уште потопло ќе биде во черврток кога ќе има и повеќе сонце. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека максималната дневна ќе се искачи и до 22 степени целзиусови.
Петок носи мало зголемување на облачноста, но со кратки сончеви периоди. Температурата во раните утрински часови ќе биде околу осум степени целзиусови, додека дневниот максимум ќе се искачи до 23 степени.
Стабилно време ќе имаме и за претстојниот викенд.
Во сабота ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Утринската температура ќе изнесува седум степени, а максималната дневна 24 степени целзиусови.
Слично ќе биде и во недела со дневен максимум од 19 степени.
Стабилното и сончево време се очекува да продолжи и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски