Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој вдолж Повардарието повремено ќе се засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец.
Температурата низ кумановско денеска ќе биде во интервал од 11 степени во утринските часови до максимални 25 во текот на денот.

Утре во Куманово и околината ќе имаме сончево и топло време. температурата ќе биде во интервал од 13 степени во утринските часови до максимални 27 степени целзиусови.
Сончево време со мала облачност нѐ очекува в среда. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне до 24 степени целзиусови.
Четрток ни носи сончево до умерено облачно време. Утринската температура ќе изнесува 10 степени, додека максималната дневна ќе биде во пад споредбено со среда и се очекува да достигне до 21 степен целзиусов.

Сончево време со мала облачнот ќе имаме и во петок. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 12 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 24.
Слично време ќе имаме и првиот ден од викендот што претстои.
В сабота ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе изнесува 13 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 25.
Недела носи дестабилизација на временската состојба. Ќе имаме облачно време проследено со врнежи од дожд. Температурата во утринските часови ќе биде околу 12 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 25 степени целзиусови.

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски

