Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Во јужните делови на земјата денеска ќе има повеќе сончеви периоди. Во пладневните и попладневните часови ќе има зголемена облачност и претежно во северозападните делови појава на краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент седум.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе има сончево време со мала до умерена обчаност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 17 степени во утринските часови до максимални 31 во текот на денот.

 

Loading...

 

Слична временска состојба во кумановско ќе имаме и во текот на утрешниот ден. Сончево до умернео облачно, но топло време. Утринската температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната дневна ќе достигне 31 степен целзиусов.

Среда носи повторно раст на температурите. Ќе имаме сончево, но топло време со мала облачност. Температурата во утринските часови ќе изнесува 20 степени, а максималната дневна ќе достигне до 35 степени целзиусови.

 

 

Во четврток ќе имаме сончево, тивко и топло време. Од утринските 19 степени, температурата во текот на денот според прогнозите се очекува да достигне до 34 степени целзиусови.

Слично ќе биде и во петок кога ќе имаме сончево време со мала обчаност и дневен максимум од 34 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Викендот нѐ очекува топло и претежно стабилно време.

Во сабота ќе имаме сончево до умерено облачно, но топло време. Сосема мали услови за нестабилност ќе има во попладневните часови. Утринската температура ќе изнесува 18, а максималната дневна 33 степени целзиусови.

Недела носи делумно сончево време со дневен максимум од 32 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply