Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со мала облачност. Минималната температура ќе изнесува 16, а максималната дневна 30 степени.

 

Loading...

 

Утре повторно ќе имаме високи температури кои во кумановско ќе достигнат до 30 степени целзиусови, додека во попладневните часови е можна изолирана појава на грмежи и врнежи од дожд.

И во среда се очекува попладневна нестабилност со грмотевици и врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од 14 степени во утринските часови, до максимални 26 во текот на денот.

Слично ќе биде и во четврток кога ќе се задржат условите за попладневна нестабилност.

 

 

Веќе во петок ќе има и позначителен пад на температурата. Времето ќе биде облачно и со врнежи од дожд. Утринската температура ќе изнесува 10, а максималната дневна 22 степени целзиусови.

Loading...

Претстојниот викенд нема да има врнежи, но температурите ќе бидат пониски.

Во сабота ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Температурата во утринските часови ќе изнесува десет, а максималната дневна ќе се искачи до 21 степен.

И во недела ќе имаме исто време, со три степени повисок дневен максимум во споредба со сабота.

 

 

Слично време ќе се задржи и на почетокот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply