Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и студено, во западните делови со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно, но студено време.

Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе изнесува десет степени под нулата, а максималната дневна се очекува да достигне до -3 степени.

 

 

Утре температурата ќе биде во благ пораст. Нѐ очекува сончево до умерено облачно време. Во утринските часови живата во термометарот ќе се спушти седум степени под нулата, а дневниот максимум ќе изнесува еден степен.

Среда носи делумно сончево време со температури од -4 во утринските часови до максимални три степени попладне.

Loading...

Сончево со мала облачност ќе биде во четврток, кога утринската температура конечно се очекува да излезе од минус и ќе биде еден степен над нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне пет степени целзиусови.

Во петок ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Температурата во утринските часови ќе биде два степени во позитива, а во текот на денот шест степени.

Претстојниот викенд нои благ пораст на температурите.

Во сабота ќе имаме облачно време со услови за слаб дожд. Утринската температура ќе изнесува еден, а максималната дневна седум степени.

Сончево со мала облачност ќе биде во недела, кога од утринските два степени, максималната дневна ќе достигне осум степени целзиусови.

 

 

Loading...

Слично време ќе се задржи и на стартот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply