Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (до вечер над 35 л/м2) каде ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

На планините врнежите ќе бидат од снег, а во западните делови претпладне ќе преминуваат во снег и во повисоките населени места.

Снежната покривка на планините ќе се зголеми. До крајот на денот врнежите ќе престанат.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе достигне само до петиот степен.

 

 

Loading...

 

Времето утре во кумановско ќе биде делумно сончево. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нула, а максималната дневна се очекува да достигне до седум степени.

Слично ќе биде и во среда. Времето ќе биде облачно. Утринската температура ќе се движи околу два степени над нулата, а дневниот максимум ќе достигне седум степени.

Четврток носи мал пораст на температурата. Времето ќе биде облачно, но без услови за врнежи. Температурата ќе се движи од нула степени во утринските часови, до девет максимални во текот на денот.

Позначителен пат на температурите носи петок. Утринската ќе биде еден степен во негатива, а дневниот максимум ќе достигне четири степени. На небото сѐ уште ќе доминираат облаците.

Претстојниот викенд времето ќе биде слично. Зголемена облачно, но со кратки сончеви периоди во сабота кога утринската температура ќе биде еден степен над нулата, а дневниот максимум се очекува да достигне само до вториот степен.

Недела веќе носи услови за локализирани врнежи од снег на повисоките, а дожд на пониските места. Температурата во утринските часови ќе изнесува еден степен во позитива, а во текот на денот максимумот се очекува да достигне седум степени.

 

Loading...

 

 

Трендот на врнежи ќе се задржи и на почетокот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply