Времето наутро ќе биде студено. По одделни котлини со појава на утринска магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала облачност во текот на денот. Температурата ќе се движи од 0 во текот на утрото до максимални 13 степени целзиусови во текот на денот.
Слично ќе биде времето и утре, но со мал пад на температурите. Утринската температура ќе изнесува -4, а максималната дневна ќе достигне само 7 степени.
Среда носи нешто повисока дневна температура и повеќе сонце. Максимумот тој ден ќе достигне 9 степени, но утринската ќе биде три степени под нулата.
Единаесет степени ќе биде максимумот во четврток, кога ќе имаме сончев ден. Утринската температура ќе изнесува -2 степени.
Петок не носи никаква промена на времето во однос на четврток, но е еден од последните сончеви денови оваа недела.
Сабота носи зголемена облачност, но без врнежи. Температурата ќе се движи од 0 во текот на утрото до максимални 10 степени во текот на денот.
Недела носи зголемено наоблачување и услови за врнежи од дожд. Температурите ќе се движат од минимални 1, до максимални 10 степени.
Слично ќе биде времето и на почетокот на следната работна недела.
Никола Ивановски