Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време.

Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе достигне брзина од околу 50 километри на час. Максималната дневна температура ќе достигне 16 степени.

 

Во државата денеска, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во североисточните делови ќе има услови за слаб локален дожд.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој наместа ќе достигнува брзина над 65 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 24 степени.

Времето утре ќе биде сончево до умерено облачно, но потопло во однос на денешното со максимум од 22 степени целзиусови .

Мал пад ќе има во среда кога ќе имаме 14 степени целзиусови дневен максимум, а веќе во четврток ќе биде за два степени потопло.

Во петок ќе имаме претежно облачно време со максимална дневна температура од 20 степени.

Делумно сончево со температури од 24, односно 23 степени ќе биде времето за викендот.

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply