Времето денеска во Македонијан ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
На места врнежите ќе бидат пообилни проследени со грмежи и засилен ветер.
Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер, поизразен вдолж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе има услови и за врнежи од дожд проследени со грмотевици. Максималната дневна температура ќе достигне 24 степени целзиусови.
Утре во кумановско ќе имаме слично време на денешното, а максималната температура ќе достигне само до 20 степени.
Уште посвежо ќе биде в среда, кога врнежите полека ќе престанат. Температурата ќе се движи од 8 степени наутро до 19 како дневен максимум.
Слично време носи и четврток, кога температурите ќе се движат од минимални 7, до максимални 20 степени.
Нешто потопло ќе биде во петок, кога живата во термометарот ќе се искачи на максимални 23 степени.
Претстојниот викенд носи нешто повисоки температури, но претежно ќе биде стабилно и без врнежи.
Никола Ивановски