Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен претежно североисточен ветер. На југозападот ќе има услови за појава на краткотраен дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала облачност, а максималната температура ќе достигне 30 степени.
Од денеска во целата држава повремено ќе се зголемува облачноста и благо ќе се намалува дневната температура.
И утре, како и во среда ќе се заджи слично време на денешното, од утрински 13 степени, до максимална дневан од 30 степени.
Четврток носи облачно време, но со слаби услови за врнежи од дожд. Максималната дневна темпратура ќе достигне 28 степени целзиусови.
Во петок ќе има намалување на облачноста, но и на дневниот максимум кој ќе достигне само 14 степени.
Следниот викенд носи сончево до умерено облачно време со пониски максимални температури.
Никола Ивановски