Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец.
Утринската температура ќе се движи од 0 до 8, а дневната од 17 до 22 степена, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Температурата ќе се движи од минимални 8 во текот на утрото, до максимални 17 степени во текот на денот.
Малку поголема облачност, но и натаму сончево до умерено облачно ќе биде времето во вторник. Температурата ќе се движи од минимални 8, до максимални 18 степени целзиусови.
Слично време ќе имаме и во среда со еден степен повисок дневен максимум.
Четврток носи мал пад на дневната температура која ќе достигне 15 степени.
Делумно сончево ќе биде и во петок кога температурата ќе се движи од минимални 3 степени до максимални 14.
Викендот носи доста ниски утрински температури. Веќе во сабота утринскиот минимум во Куманово ќе се спушти на нула степени, а дневната температура ќе изнесува 12 степени.
Еден степен над нулата ќе биде утринската температура во недела. Во текот на денот времето ќе биде сончево до умерено облачно со температура до 14 степени.
Никола Ивановски