Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во државата, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време во претпладневните часови, додека попладне ќе настапи заоблачување кое ќе донесе нестабилност со врнежи од дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне 30 степени целзиусови.

 

 

Според УХМР утре во државата времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места, особено во централните и источните делови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град.

Од среда повторно ќе преовладува сончево и топло време.

Loading...

Вторник во Куманово носи сончево претпладне со услови за нестабилност во попладневните часови проследени со врнежи од дожд и грмотевици, а на места и во форма на невреме. Максималната температура ќе достигне 29 степени.

Делумног сончево време во кумановско ќе имаме во среда, кога дневниот максимум ќе биде на 29 степени.

Четврток веќе носи раст на температурите. Времето ќе биде сончево и топло со максимална дневна температура до 31 степен.

Топло и стабилно време ќе имаме и во петок со 31 степен.

Викендот ќе биде најтопол, односно во сабота и недела дневните маскимални температури ќе изнесуваат 34 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply