Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно претпладне, додека во попладневните часови е можна појава на локален дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне 28 степени целзиусови.

 

 

И во следните денови претпладне сончево со мала до умарена облачност, во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во среда на повеќе места да биде нестабилно, а локално процесите да бидат и поинтензивни.

Постабилно и нешто потопло време се очекува кон крајот на наредната седмица, велат од УХМР.

Во кумановско утре ќе имаме сончево до умерено облачно време, но без услови за дожд. Максималната температура ќе достигне 29 степени.

Среда носи повторно сончево и топло претпладне, со услови за нестабилност со дожд и грмежи во попладневните часови. Максимумот ќе се спушти за неколку степени и ќе изнесува 26 степени.

Четрвток носи стабилизација. Времето ќе биде сончево до умерено облачно, со максимална дневна температура од 26 степени целзиусови.

Слично време ќе имаме и во петок со дневен маскимум од 28 степени.

Викендот што претстои конечно носи топло и сончево време без услови за дожд. Температурите ќе се движат од 30 во сабота до 31 во недела.

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply