Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Куманово ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди. Попладне локално ќе има услови за појава на нестабилност проследена со врнежи од дожд.

Loading...

Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне 29 степени.

Утре ќе имаме за еден степен повисока дневна температура, но и натаму ќе се задржи слично време, променливо облачно со услови за попладневна нестабилност.

Среда носи стабилизација и крај на врнежите од дожд. Времето ќе биде сончево до умерено облачно, а дневниот максимум ќе изнесува 29 степени целзиусови.

Во четврток во околината на Куманово ќе имаме сончево до умерено облачно време, а живата на темрмометарот ќе се искачи до 28 степени.

Претежно сончево и стабилно време ќе имаме во петок со дневна температура од 28 степени.

Во сабота ќе имаме сончево до умерено облачно со иста дневна температура.

Недела носи повторно услови за дожд и нестабилно време проследено со грмежи, а дневната температура ќе достигне 28 степени.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply