Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, преку денот најизразен ќе биде во источните делови на земјава и вдолж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температурара ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. УВ индексот ќе биде висок со коефициент 8.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со значително пониска температура од изминатите денови. Ќе дува слаб до засилен северен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 24 степени целзиусови.
Утре, според УХМР, времето ќе биде сончево со пониски утрински температури, а потоа ќе се задржи сончево и потопло време но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.
Во кумановскиот регион утре се очекува покачување на дневната температура. Времето ќе биде сончево до умерено облачно со дневен максимум од 28 степени.
Среда носи дополнително покачување на температурата. Ќе имаме сончево до умерено облачно време со дневен максимум од 30 степени целзиусови.
Слично, делумно сончево време ќе имаме и во четврток со дневна температура до 30 степени.
Петок носи благ пад на температурата. Времето ќе биде сончево до умерено облачно со максимални 28 степени.
Претстојниот викенд повторно ќе има поголем пад на температурата, но засега нема најава за нестабилност и врнежи. Во сабота дневниот максимум ќе биде 25 степени, а во недела 27.
Никола Ивановски