Во текот на ноќта и изутринава времето беше облачно, на истокот на места со повремен дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот времето ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови.
На планините и на некои повисоки места слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе достигне 8 степени.

Утре претпладне ќе има се уште ќе има услови за слаб дожд, а попладне облачноста ќе се намалува, температурата ќе биде за два степени пониска од денешната.
Од среда времето ќе биде променливо облачно и веќе потопло, со максимални 13 степени.
Четврток ни носи вистинска пролет, ќе биде сончево и топло со 19 степени.
Веќе во петок ќе се достигне максимумот за оваа недела, односно 20 степени целзиусови и сончево пролетно време.
Посвежо ќе биде веќе во сабота, а недела повторно ќе донесе врнежи од дожд.

Никола Ивановски