Во текот на изминатата недела (24.01.2022 до 30.01.2022) во Куманово се регистрирани значително поголем број нови случаи споредбено со неделата претходно.
Според статистиките на Министерството за здравство во текот на изминатата седмица се регистрирани вкупно 540 нови случаи во Куманово (заедно со Липково и Старо Нагоричане), додека во седумте дена претодно, биле регистрирани 483 новозаболени.
Најмногу нови случаи за еден ден во текот на изминатата недела биле регистрирани во петок, дури 111 лица позитивни на ковид-19.
Во текот на изминатата недела починати се девет лица поради компликации од коронавирусот, додека неделата претходно имало само тројца починати пациенти.
Заклучно вчерашната статистика на Институтот за јавно здравје, во Куманово активни се вкупно 890 случаи.
Од почетокот на пандемијата во Куманово, Липково и Старо Нагоричане регистрирани се 14.825 случаи позитивни на ковид.
Досега во Македонија се направени вкупно 1.785.054 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.191, бројот на оздравени пациенти е 239.694, на починати е 8.383, а бројот на активни случаи изнесува 20.114.
Никола Ивановски