Во текот на изминатата недела (21.02.2022 до 27.02.2022) во Куманово е регистриран пад на бројот на нови случаи споредбено со неделата претходно.
Според статистиките на Министерството за здравство во текот на изминатата седмица се регистрирани вкупно 159 нови случаи во Куманово (заедно со Липково и Старо Нагоричане), додека во седумте дена претодно, биле регистрирани 293 новозаболени.
Најмногу нови случаи за еден ден во текот на изминатата недела биле регистрирани во вторник, кога 33 лица позитивни на ковид-19.
Во текот на изминатата недела починати се четири лица поради компликации од коронавирусот, додека неделата претходно имало седум починати пациенти.
Заклучно вчерашната статистика на Институтот за јавно здравје, во Куманово активни се вкупно 172 случаи.
Од почетокот на пандемијата во Куманово, Липково и Старо Нагоричане регистрирани се 16.125 случаи позитивни на ковид.
Досега во земјата се направени вкупно 1.889.266 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД – дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.081,бројот на оздравени пациенти е 283.908, на починати е 9.001, а бројот на активни случаи изнесува 4.172.
Никола Ивановски