Неделна прогноза за Куманово: Значителен пораст на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен, а во источните делови од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 12 степени целзиусови.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел со 1,59 промили алкохол

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со многу кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 2 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 10 степени целзиусови. Во вечерните часови се можни услови за дожд.

Среда носи променливо облачно време со умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 40 километри на час. Утринската температура ќе се спушти еден степен под нулата, а дневниот максимум ќе достигне 12 степени целзиусови.

Сончево и топло време ќе имаме во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи во интервал од -2 до 14 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен навивач од Скопје, со монета погодил дете на мечот Куманово – МЗТ

 

 

Во петок ќе имаме сончево и топло време со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, а максималната дневна ќе се искачи до 15 степени целзиусови.

И во сабота ќе се задржи сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од 1 степен во утринските часови до 15 во текот на денот.

Недела носи сончево и уште потопло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата ќе се движи од минимални 1 до максимални 17 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен навивач од Скопје, со монета погодил дете на мечот Куманово – МЗТ

 

 

Слично време ќе се задржи и во првата половина од следната недела, по што ќе селдува доджд.

Никола Ивановски