Неделна прогноза за Куманово: За денеска два метео аларми!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно време со локална појава на пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град.

Loading...

Денес ќе дува и засилен ветер од јужен правец особено во Пелагонија и во североисточниот дел од земјата.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со услови за нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  38-годишник натепан во Студена бара

Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 27 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Од УХМР за регионот на Куманово денеска се издадени два жолти метео аларми, за опасност од невреме со грмотевици и опасност од засилен ветер.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 29 степени целзиусови.

Loading...

Во среда ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна ќе достигне 27 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Црногорка ограбила 70-годишна кумановка

Сончево и многу топло време ќе имаме и во четврток, кога ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од минимални 13 до максимални 28 степени целзиусови.

 

 

Во петок ќе имаме сончево и многу топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, а температурата ќе биде во интервал од минимални 14 до максимални 31 степен целзиусов.

Сабота носи повторно сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна ќе достигне 32 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тргнува возот од Скопје за Куманово. Ќе се патува 41 минута!

И во недела ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а дневниот максимум ќе достигне 33 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски