Неделна прогноза за Куманово: Уживајте во летото!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во планинските подрачја ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Loading...

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне до 26 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонија денеска игра против Германија и Латвија на Младинската Олимпијада

 

 

Утре во Куманово ќе имаме сончево и топло време со мала облачност и слаб до умерен ветер од север и северозапад. Температурата ќе се движи од 14 степени во утринските часови, до максимални 29.

Сончево до умерено облачно време ќе имаме во среда кога ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе се движи околу 14 степени, а максималната се очекува да достигне 27 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Четврток носи сончево до умерено облачно време со услови за локална нестабилност во попладневните часови проследена со врнежи и грмежи. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Температурата ќе се движи од 11 степени во утринските часови до максимални 24 во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонија во црвена фаза, надлежните само со препораки за заштита

Во петок ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 28 степени целзиусови.

 

 

Сончево и топло време со мала облачност ќе имаме и во сабота кога ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од минимални 16 до максимални 30 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умеренв етер од север и северозапад, а температурата ќе се движи од 15 степени во утринските часови до максимални 27 во текот на денот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Алексеј од Куманово ја претставува Македонија на Европското првенство во тенис

 

 

Слично време ќе се задржи и кон почетокот на следната работна недела.

Никола Ивановски