Неделна прогноза за Куманово: Утре пак невреме

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент 9.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 18 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 35 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре промоција на романот на Лара Денковиќ – „Не ти, другиот“

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо време со комбинација од облаци и сонце, но и услови за нестабилност во попладневните часови.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 29 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Во среда ќе имаме претежно сончево, но значително посвежо време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец, додека температурата ќе биде во интервал од минимални 13 до максимални 25 степени целзиусови.

Сончево до умерено облачно ќе биде времето во четврток кога ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи колу 13 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 27 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тепачка меѓу татко и син во Куманово, двајцата во болница

 

 

Петок носи повторно сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен северн ветер, температурата ќе се движи од минимални 13 до максимални 30 степени целзиусови.

Сончево и многу топло време ќе имаме и во сабота. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 33 степени целизусови.

Во недела ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да достигне високи 35 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Следната недела ќе се задржи слично време со неколку дена дожд, но и еколку дена високи температури.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре промоција на романот на Лара Денковиќ – „Не ти, другиот“

Никола Ивановски