Неделна прогноза за Куманово: Уште денес дожд, а потоа постудени утра

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 6 до 12 степени, додека максималната дневна се очекува да се движи меѓу 13 и 18 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја утре поголем дел од Куманово

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 8 степени додека максималната дневна се очекува да достигне 17 степени целзиусови.

Од страна на УХМР за регионот на Куманово за денеска е издаден жолт метео аларм за обилен дожд.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 2 степени, додека дневниот максимум ќе достигне 12 степени целзиусови.

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме и во среда. Ќе дува слаб до умерен ветер од север, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 1 до максимални 14 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведено лице кое пред кумановскиот суд се заканувало на полицајци

Во четврток ќе имаме сончево време со слаб до умерен југозапден ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна ќе се искачи до 16 степени целзиусови.

 

 

И во петок ќе имаме сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 1 степен, а дневниот максимум ќе достигне 15 степени целзиусови.

Сончево време ќе имаме и во сабота, со слаб до умерен ветер од југ. Утринската температура ќе се движи околу еден степен над нулата, а максималната дневна температура ќе се движи околу 16 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца приведени во Куманово, го нарушиле јавниот ред и мир, оштетно и возило

Во недела ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисток, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 4 до максимални 14 степени целзиусови.

Ноќта кон понеделник ќе има услови за врнежи од дожд.

 

 

Во текот на следната работна недела ќе имаме променливо време, со повеќе облаци и дожд.

Никола Ивановски