Неделна прогноза за Куманово: Топла пролет среде есен!

Сподели со своите пријатели

Во Македонија денеска преку денот ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степен.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне до 23 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево до променливо облачно време со умерен до умерено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 22 степени целзиусови.

Среда носи сончево и топло време со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата ќе се движи од седум степени во утринските часови до 24 степени во текот на денот.

Сончево и релативно топло за овој период од годината ќе биде во четврток кога ќе имаме слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе се движи околу осмиот степен, додека дневниот максимум ќе се искачи до високи 26 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Петок носи температури високи дури и за пролетта. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу осмиот степен, а дневниот максимум се очекува да достигне високи 28 степени целзиусови.

Сончево и многу топло ќе биде во сабота кога ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи во интервал од минимални девет, до максимални 28 степени целзиусови.

И во недела ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе изнесува околу 10 степени целзиусови, додека максималната се очекува да се искачи до 25 степени.

 

 

Следната недела носи нешто пониски температури, но и услови за слаб дожд.

Loading...

Никола Ивановски